Halio – паметно прозорско стакло што се менува според потребите

291

Halio е паметно стакло за прозорци од што црно може за само три минути да стане кристално проѕирно и тоа по “порачка“ на корисникот.

Според производителот, тоа е најбрзо што може едно вакво стакло да ја смени нијансата. На овој начин тоа ја блокира директната светлина од сонцето, кога треба, и ја намалува и количината на сончева енергија во домот.

Halio обезбедува и приватност и го штити мебелот и останатите елементи коишто може да се уништат од преголема изложеност на директна сончева светлина.

Стаклото не дозволува да навлезе вишок на топлина, но истовремено го поврзува корисникот со околината, пишува Tree Hugger.

Функционира на тој начин што во средината на стаклото се наоѓа материјал составен од јони коишто се поместуваат како што се менува струјата меѓу анодата и катодата.

Потребна е енергија само за да се смени, но штом ќе се затемни или осветли стаклото останува во таа позиција самостојно.

Фото: Halio