Најголем број на слободни работни места, односно 2.853, во текот на третото тримесечје од оваа година има во групата занимања – работници во услужни дејности и продажба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во тој период, стапката на слободни работни места изнесува 1,51%. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности 3,43%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,19%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,71%. Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места, која[to изнесува 2,35%.
Фото: Pexels