“Клуч на врата“ за многу мали трговци ако потфрли продажбата за празниците

107

Еден од пет мали трговци во Велика Британија би можеле да стават “клуч на врата“ за помалку од една година, ако потфрли продажбата за божикните празници, пишува Independent.

Околу еден од 12 трговци би се соочиле со банкрот за неколку недели, а 22% велат дека нема да продолжат со работа во текот на годината, ако се намали продажбата за време на претпразничната сезона.

Една четвртина од бизнисите во Велика Британија се согласни дека божикните празници “се многу важни или витални“ за нивниот опстанок.

Според истражувањата, 85% од Британците ги поддржуваат малите бизниси, но една третина не купиле ништо од нив во последните шест месеци.

Фото: Pexels