Кој е најголемиот “губитник“ од Black Friday – над 10 милиони долари за два часа

84

Шведскиот луксузен бренд за нега на кожа, Foreo на Black Friday испадна голем “губитник“.

Компанијата, како што наведуваат странските медиуми, за само два часа загубила над 10 милиони долари. Причина за загубата е погрешна цена во системот за онлајн продажба на иновативниот уред UFO Smart masking. Оние кои успеале да забележат дека има голем попуст од 96%, ќе го добијат производот за само 9,99 долари, наместо регуларната цена од 279 долари.

Според податоците, купени се вкупно 38.575 парчиња од овој уред по цена од 9,99 долари, што за компанијата значи помалку приходи од околу 10 милиони долари.

Се смета дека до грешката дошло некаде околу 21:30 часот по средноевропско време, во петокот на 29-ти ноември, кога се појавил необично голем промет што предизвикало пад на страницата. Техничарите сметале дека причина за тоа е очекуваната побарувачка, па ја поправиле грешката, а не забележале дека причина за тоа е ниската цена. Нивните колеги ја откриле грешката околу 23 часот кога забележале уште еден пад на страницата, откако се продавале по 20 уред во секунда.

Од компанијата потврдуваат дека уредот ќе им биде испорачан на сите оние кои го купиле онлајн.

Фото: Facebook