Холандија со закон бара повеќе жени во одборите на компаниите

52

Властите во Холандија донесоа закон според кој компаниите во земјата ќе мора да имаат најмалку 30% жени во надзорните одбори, пишува Reuters.

Ова законско решение, што ќе треба да се имплементира во компаниите што котираат на берзата во Амстердам, доби поддршка од 87 гласови, а 63 пратеници беа против.

Компаниите што нема да ја остварат таа цел, ќе мора мажите кои ќе го напуштат Одборот да ги заменат со жени или тие места да останат празни.

Со оваа мерка, исто така, 5.000 големи компании ќе мора да направат детални планови за вработување за да се зголеми бројот на жените во извршните и надзорните одбори.

Во овој момент, помалку од 10% од компаниите во Холандија ги исполнуваат овие услови во извршните и надзорните одбори, а само една третина од нив имаат доволен број на жени во извршните одбори.