Која е најголемата грешка на најбогатиот Хрват?

126

Најголемата грешка што ја направил Емил Тедески, претседател на Управата на Atlantic Group, е тоа што компанијата би можела многу да заштеди ако презела некои мерки пред четири години.

“После војната немаше смоки на пазарот и потрошивме многу време и пари во обид да го освоиме Flips. Потоа во 2006 година, во Германија купивме фабрика за спортски напитоци, но не знаевме да управуваме и нè надминаа многу стартапи. Во периодот од 2012 до 2013 година ‘завршивме во црвено’. Го продадовме тој бизнис пред две години, а последниот дел минатата година“, вели Тедески, кој важи за најбогат бизнисмен во Хрватска, пренесува српски Блиц.

Тој на Самитот на бизнис лидери од регионот, во организација на магазините NIN и InStore, рекол дека компанијата би заштедила ако го “направила тоа пред четири години“.

“Некој смета – јас сум сопственик и имам неограничени права, но тоа не е точно. Не е еден пример каде што сопственикот ја краде сопствената компанија, бидејќи левиот сопственички и десниот компаниски џеб не се исти. Имам пријател кој е исклучително успешен шведски претприемач, управува со пет милијарди евра и има четири сина. Еднаш ми кажа дека неговата прва цел е од нив да создаде одговорни менаџери. Дали некој ќе влезе во структурата, ќе се види подоцна“, објаснува Тедески.

Фото: Facebook