Кој е српскиот бизнисмен што заработи две милијарди евра од продажба на свои компании?

178

Претседателот на Делта холдинг, Мирослав Мишковиќ од Србија заработи повеќе од две милијарди евра од продажба на свои компании, пренесува српски Блиц.

“Досега заработивме повеќе од две милијарди евра од продажба на свои компании. Кај нас се вели – девојката се мажи кога ја бараат. Така е и со компаниите“, изјави Мишковиќ на Самитот на бизнис лидери во регионот.

Тој рекол дека core business на неговата компанија се аграр, недвижнини и дистрибуција, но пред тоа главно во неговиот бизнис било создавање и продажба на компании.

“Ние сме подготвени во рок од три месеци кога ќе добиеме дозвола да почнеме со инвестиции во Србија во висина од 500 милиони евра“, најави Мишковиќ.

Запрашан што би направил ако е министер за економија, тој рекол дека најпрво би согледал колку знаење има во српската економија.

“Би ги донел најголемите експерти од Европа, да согледаат и да кажат што треба да развиваме, а потоа би ги поддржал тие сектори“, одговорил Мишковиќ.

Фото: Pixabay