Можат ли жителите на ЕУ да си дозволат медицинска нега?

61

Во Европската унија (ЕУ) 3,6% од лицата постари од 16 години пријавиле дека не им се задоволени потребите за лекарски преглед или лекување во текот на минатата година.

Како најчеста пријавена причина за тоа се наведува недостапност на соодветниот третман. Според податоците на Eurostat, 1% од луѓето над 16 години изјавиле дека третманот што им бил потребен бил “премногу скап“. Како следна најчеста причина се наведува “листата на чекање“ (0,9%) или бидејќи луѓето “сакаат да почекаат за да видат дали ќе им се реши здравствениот проблем“ (0,6%).

Во Грција, од земјите членки на Унијата, има најголем процент (8,3%) на луѓе со незадоволени медицински потреби поради недостапни услуги. Потоа следуваат: Латвија (4,2%), Романија (3,4%), Италија (2%), Белгија (1,7%), Португалија (1,6%), Бугарија (1,5%), Кипар (1,4%) и Полска (1,1%).

За разлика од овие земји, во поголемиот дел од земјите членки на ЕУ, помалку од 1% од населението поради финансиски причини не пријавило дека не им се задоволени медицинските потреби.

Фото: Pexels