Архитектонското студио Sheppard Robson го објави планот за зградата Citicape House, во Лондон којашто ќе го има најголемиот жив ѕид во Европа, со цел да се подобри квалитетот на воздухот во градот, пишува Dezeen.
Citicape House на фасадата ќе има поставено 400.000 растенија, коишто треба годишно да апсорбираат над осум тони јаглерод диоксид и ќе произведува шест тони кислород. Зградата е лоцирана во центарот на Лондон.
Архитектите велат дека станува збор за пренамена на веќе постоечка зграда, за да покажат како со градежништвото може да се одговори на проблеми како климатски промени и загадување на воздухот.
Фото: Sheppardrobson