Сто највлијателни жени во светот

262

Магазинот Forbes направи листа на којашто се најдоа 100 највлијателни жени во светот.

На прво место е германската канцеларка Ангела Меркел, втора е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, а трета е Ненси Пелоси инаку 52-ра претседателка на Претставничкиот дом на САД.

Меѓу 10-те највлијателни жени во светот се најдоа и: Урсула вон дер Лејен (претседателка на Европската комисија), Мери Бара (главен извршен директор на General Motors), Мелинда Гејтс (филантроп и коосновач на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс заедно со нејзиниот сопруг, основачот на Microsoft), Абигел Џонсон (главен извршен директор на Fidelity Investments), Ана Патрисиа Ботин (банкарка и претседателка на Banko Santander), Џини Ромети (ИТ инженер од IBM) и Мерлин Хјусон (главен извршен директор на Lockheed Martin – американска компанија за одбрана, безбедност и напредни технологии).

Меѓу оние жени кои се повеќе познати во јавноста, а се најдоа на листата се и: Сузан Војчички (главен извршен директор на YouТube), Кристалина Георгиева (Бугарка која е на чело на Меѓународниот монетарен фонд), Опра Винфри (влијателна водителка и бизнисменка), Кралицата Елизабета, Иванка Трамп, пејачките Ријана, Бијонсе и Тејлор Свифт, тенисерката Серена Вилијамс, српската премиерка Ана Брнабиќ, актерката Риси Витерспун, како и Грета Тунберг (млада активистка против климатските промени).

Фото: Pexels