Франко Ренсон никогаш не бил толку многу зафатен. Постојано прима повици и држи состаноци во својата канцеларија во центарот на Буенос Аирес. Тој е советник за богаташи, а толку е ангажиран благодарение на претседателот на Аргентина, Алберт Фернандес, пишува Bloomberg.
“Тие се плашат дека новата влада ќе биде агресивна во своите даночни политики“, вели Ренсон, директор за сметководство на компанијата Amicorp.
Поголемиот дел од клиентите имаат само едно барање: “Помогнете ми да си ја заштитам заштедата што ја имам во странство“.
Стравот кај луѓето е поради претседателот Фернандес, кој Аргентина ја враќа во 50-тите години на минатиот век, кога била фаворизирана социјалната потрошувачка и локалната индустрија.
“За да нема глад, ќе бараме поголема солидарност од оние кои имаат поголем капацитет да дадат“, рекол тој на 10-ти овој месец.
Инаку, Аргентина веќе има големо даночно оптоварување, што е околу 30% од вредноста на бруто домашниот производ, што е многу над просекот од 22,8% во Латинска Америка. Големиот даночен притисок ги принудува жителите да се обидат да сокријат дел од своето богатство во странска валута надвор од земјата.
Фото: Pexels