Над 92% од потрошувачката на јаглен употребена за производство на струја

215

Вкупно 92,6% од вкупната потрошувачка на јаглен, во октомври оваа година, е употребена за производство на електрична енергија, додека бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 68,1% во вкупната домашна потрошувачка на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври оваа година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 570.138 МWh електрична енергија, 20.245 мил. нм3 природен гас, 430.426 тони јаглен и 96.232 тони нафтени продукти.

Фото: Pexels