Продажни цени на индустриски производи на домашен пазар во ноември

46

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во ноември оваа година, се пониски за 0,1% на месечно ниво, а повисоки за 1,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2019, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0,8%, и во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Интермедијарни производи, освен енергија, за 0,4%.

Во ноември оваа година, во споредба со истиот период лан8, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2%, Капитални производи за 1,3% и Енергија за 1,3%.

Фото: Pexels