Жителите на Луксембург од први март веќе нема да мора да купуваат билети за користење на јавниот превоз. Тие ќе можат бесплатно да се возат со автобуси или возови, благодарение на концептот за одржлив транспорт под името Modu 2.0.
Овој концепт е заснован на користење на јавен превоз наместо автомобили, а се очекува да даде одредени економски бенефити. Единствено ќе се наплаќаат билетите за прва класа.
Се очекува голем број возачи да почнат да го користат јавниот превоз штом е бесплатен.
Modu 2.0 ќе го чини Луксембург околу 40 милиони евра, пренесуваат медиумите.
Фото: Pexels