Од Управата за јавни приходи (УЈП) информиаат дека од први овој месец на сила стапуваат нови стапки на данок на личен доход согласно законот за изменување и дополнување на данокот на личен доход.
Со законот, како што се наведува, од први јануари 2020 година до 31-ви декември 2022 година нема да се применуваат стапките по коишто во 2019 година, се пресметуваше и плаќаше данокот на доходот за овие видови на доход:
- Доход од работа,
- Доход од самостојна дејност,
- Доход од авторски и сродни права,
- Доход од продажба на сопствени земјоделски производи,
- Доход од права од индустриска сопственост,
- Доход од закуп и подзакуп,
- Доход од капитал,
- Капиталните добивки,
- Доход од осигурување, и
- Друг доход
Пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за овие видови на доход: Доход од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход по 10%. За доход остварен од добивки на игри на среќа данокот е 15%.
Со измените и дополнувањата на законот како предмет на оданочување се специфицира остварена капитална добивка од продажба на удел во инвестициски фонд. Одредбите за нивно оданочување заедно со одредбите за оданочување на каматите од орочени депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе стапат во примена од први јануари 2023 година.
Остварената капитална добивка од продажба на хартии од вредност и продажба на удел во инвестициски фонд ќе се оданочува од први јануари 2023 годин, како и каматите на орочените депозити.
Фото: Pixabay