Колку чинат патарините во регионот?

265

Al Jazeera Balkans направи анализа на цените на патарините за патнички возила на автопатите во земјите од регионот. Оттаму наведуваат дека категоријата за возилата се разликува кај секоја држава.

Во Северна Македонија, како што се наведува, е различна цената ако се плаќа во домашна валута (македонски денар) или во евра. Па така, 10 километри автопат во евра чини 0,75 евра, додека во домашна валута 30 денари, што е околу 0,49 евра.

Во Србија, како што се наведува, патарината е најевтина и возачите плаќаат 0,33 евра за изминати 10 километри.

Користењето на автопати на Косово, како што стои во анализирана, автопатите сè уште не се наплатуваат, додека Црна Гора и понатаму ги чека првите километри автопат.

Словенија користи систем за наплата со вињетки – налепници со чие купување се плаќа патарина за одреден временски период. Вињетка за возила до 1,3 метри висина и тежина од 3,5 тони за седум дена чини 15 евра, за еден месец околу 30 евра, додека годишната има цена од 110 евра.

Системот за наплата со вињетки се користи и во Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и Швајцарија.

Годишната вињетка во Словенија за лични возила до 3,5 тони чини 110 евра, во Австрија 89,20 евра, во Швајцарија околу 37 евра. Во Бугарија и Словачка возачите на патнички автомобили плаќаат годишна вињетка за 50 евра. Годишната патарина за автомобили во Чешка е 59 евра, а во Романија 96 евра.

Фото: Pixabay