Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 5.919.619.000 евра и бележи пораст од 10% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.670.226.000 евра, што е за 9,4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 1.750.608.000 евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 77,2%.
Во периодот јануари – ноември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Фото: Pexels