Продажни цени на индустриски производи во ноември

51

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември минатата година, се пониски за 0,7% на месечно ниво, а се повисоки за 3,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2019, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,9%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.

Во ноември 2019, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,1%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4,3%.

Фото: Pexels