Во ек е сезоната на настинки и грипови, на секој чекор може да слушнеме како некој кива, кашла или му тече носот. Сигурно се прашувате дали и во која ситуација треба сепак да останете дома, ако можете и покрај настинката да отидете на работа?
“Настинката е последица од вирусна инфекција на којашто секој реагира различно. Не можеме да го потцениме влијанието на настинката врз способноста на некои луѓе“, вели за BBC, Рејчел Саф, советничка во Институтот за управување со човечки ресурси.
Според нејзе, ако навистина ќе ви е добро и чувствувате дека нема да бидете продуктивни на работното место, подобро е да останете дома, одошто да го раширите вирусот меѓу колегите на работа.
Не треба да се изостави фактот дека настинките понекогаш можат да бидат добри за нашето здравје, но само понекогаш. Дел од настинките можат да бидат еден вид на тренинг за подобар имунитет.
Анализите покажуваат дека просечниот број на денови во текот на кои луѓето отсуствуваат поради настинка се намалил на 5,9 годишно, што е на најниско ниво во текот на 19 години. Објаснувањето може да се пронајде и во фактот дека луѓето иако се настинати сепак решаваат да отидат на работа. За многумина отсуството од работа значи дека ќе им заостане поголем дел од работата или ќе мораат да ги префрлат обврските на другите колеги.
Други луѓе, пак, се плашат дека работодавачот ќе им забележи ако изостанат од работа “поради обична настинка“. Па експертите уверуваат дека во време кога голем дел од работните задачи можат да се работат од дома, не би требало да имаме страв од разговор со шефот и за него би било подобро еден работник да остане дома, одошто вирусот да се прошири и на другите колеги.
Фото: Pixabay