Денеска започнува 50-от Светски економски форум во Давос, којшто на едно место ќе ја собере економската, политичката и општествена елита.
Во рамки на Форумот ќе бидат одржани 400 отворени и затворени сесии.
Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е “Спречување на климатската апокалипса”.
На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување на нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.
Меѓу поканетите е и американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Џузепе Конте, шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, шпанскиот премиер Педро Санчез, турскиот началник Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, претседателот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристина Георгиева и претседателот на Европската централна европска банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
Швајцарското гратче на Алпите, во кое живеат околу 11.000 жители, последниве пет децении е познат како центар на светската и политичка елита.
Фото: Pexels