Како со вештачка интелигенција може да се “фати“ чекор со конкуренцијата?

68

Еден од најважните елементи што секоја компанија би требало да ги има на располагање за да може да “фати“ чекор со конкуренцијата. Податоците говорат дека компаниите коишто користат вештачка интелигенција остваруваат многу поголеми резултати и се попрофитабилни од оние коишто ги изоставуваат технолошките придобивки.

Исто така, голем е бројот на менаџери кои своите одлуки ги базираат на податоци добиени преку вештачка интелигенција. Тоа значи дека ваквиот пристап им овозможува минимизирање на грешките, а зголемување на ефикасноста и ефективноста.

Компаниите коишто употребуваат вештачка интелигенција во своите процеси, секојдневно добиваат повратни информации на основа на којшто носат важни стратешки, но и краткорочни одлуки. Бидејќи на располагање им стојат голем број обработени информации, компаниите имаат комплетен увид во работата и достапност во секој момент.

Вештачката интелигенција би требало да им ја олесни работата на менаџерите, како и нивната флексибилност многу побрзо да реагираат во одредени ситуации. Исто така, вештачката интелигенција го пренасочува фокусот од оперативните проблеми на квалитет, зголемување на понудат, подобрување на услуги и слично. Сите овие параметри ја водат компанијата до поголем успех.

Фото: Pexels