Што јаде елитата на Давос

201

Помеѓу 6.000 и 8.000 луѓе, вклучувајќи и светски лидери, лица за обезбедување и луѓе од медиуми, се хранат секојдневно од една кујна во Давос за време на Светскиот економски форум.

Сигурно се прашувате што јадат? Шефот на кујната во Давос вели дека не јадат во ресторан со Мишелин ѕвезда – нема кавијар.

“Сите мислат дека служиме кавијар, а ние никогаш не сме сервирале ни еден грам кавијар. Ние служиме многу едноставни работи. Луѓето се тука за да разменуваат идеи, да се запознаат, тие не се тука за да имаат фантастична вечера во ресторан со  ѕвезда Мишелин… Тие се тука за да работат“, вели Кристоф Гирауд, за CNBC, шеф на кујната на Давос, кој долго време води сметка за храната на форумот.

Едно од  менијата за ручек, што го сервираат за претставници на компании како  Goldman Sachs и Facebook, вклучува супа од тиква, мусака од брокула, ореви, алва и чоколадна торта. Но, според овој готвач, светските лидери лесно можат да се видат дека јадат “нормален сендвич“.

“Лесно е да се хранат важни лидери во Давос, бидејќи немаат толку многу луѓе наоколу. На пример, може да се види шеф на држава да јаде нормален сендвич или нормална салата во барот“, вели Гирауд.

Организаторите на форумот, исто така, сакаат да го намалат отпадот од храната што се служи таму, користејќи вештачка интелигенција. Технологија којашто користи вештачка интелигенција е инсталирана на неколку канти за смет во главната зграда. Системот дава извештај за различни видови и тежина на храна којашто била фрлена во кантата. Овие информации ќе бидат користени за анализа и организација на идните нарачки за храна, што ќе придонесе за намалување на отпадот.

Инаку, Македонија има свој претставник на форумот, а тоа е министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој вчера учествуваше на панелот на тема Дипломатски дијалог за Западен Балкан.

Министерот Димитров настапи на панелот посветен на Стратегиски дијалог за земјите на Западен Балкан, како една од главните иницијативи на агендата на овогодишниот форум.

Фото: Pexels