Штедат на маркетинг, а сепак профитираат

210

Апликациите со коишто управува Facebook им помогнаа на компаниите во Европската унија да остварат пласман на роба во вредност од 208 милијарди евра во 2019 година, односно да создадат 3,1 милиони работни места.

Во анализата објавена од технолошкиот гигант, исто така, се наведува дека нивните услуги ги користеле 25 милиони економски субјекти од ЕУ.

Шест од 10 анкетирани компании изјавиле дека апликациите на Facebook се важни за намалување на трошоците за маркетингот, а сличен број изјавиле дека истите услуги се важни за подобрување на услугата на клиентите.

Анкетираните компании посочија дека рекламирањето на Facebook, WhatsApp или Instagram им помогна да остварат скоро 100 милијарди евра извоз во текот на минатата година, од кои 58 милијарди се генерирани на внатрешниот пазар на унијата.

Фото: Pexels