Канадски милијардер презема удел во британскиот авто – гигант

118

Канадскиот милијардер Лоренс Строл, сопственик на Формула 1 тимот Racing Point, ќе преземе околу 20% удел во британскиот автомобилски бренд Aston Martin за 200 милиони фунти (263 милиони долари), пренесува Reuters.

Британскиот производител на автомобили се обидува да собере средства за да ги смени лошите деловни резултати  забележани поради  пониската продажба на возила од очекуваната.

Компанијата планира да собере вкупно 500 милиони фунти нудејќи им на постојните глвни акционери да купат дополнителни акции со право на глас.

Строл ќе се приклучи на бордот на директори на Aston Martin како извршен претседател. На таа позиција тој ќе го замени Пени Хјуз, кој ќе си даде оставка, соопшти компанијата.

Инаку,Строл стои зад успешни приказни како Pierre Cardin, Ralph Lauren, Тommy Hilfiger, Michael Кors и Garrard&Co, а според Forbes, неговото богатство е проценето на 2,6 милијарди долари.

Фото:Pexels