Што се клучни зборови?

Клучни зборови може да бидат еден или повеќе зборови коишто поврзуваат одредени интернет страници при пребарување на интернет. Во тој клучен збор или фраза се “крие“ содржината на интернет страницата.

Клучните зборови претставуваат силна врска меѓу корисникот што пребарува и содржините што може да се најдат на интернет. Со користење на клучни зборови, коишто се релевантни за дејноста со којашто се занимавате, ќе се зголеми бројот на прикажувања на вашата интернет страница на пребарувана содржина.

Клучните зборови може да се поделат во две групи: главни (head keywords) и клучни зборови со специфична комбинација на зборови (long tail keywords). На пример, ако се анализира онлајн магазин за автомобили, тогаш head keywords би биле: автомобил, возач, брзина… Од друга страна, long tail keywords, по којшто пребарувањето и излистувањето би одело полесно, може да бидат фрази, како на пример: тест возење, најдобар автомобил во класата, видео за безбедно возење…

Фото: Pixabay