РЖ Институт планира оваа година да оствари добивка од 4,7 милиони денари

75

Компанијата РЖ Институт за оваа година планира добивка во висина од 4.743.058 денари, стои во годишниот производно – финансиски план за оваа година, објавен на Македонска берза.

“Проектираниот биланс на успех претставува план на идните приходи и расходи, распореден по организациони единици. Иако е тешко тој прецизно да се оствари со оглед на тоа што има влијание на голем број фактори и околности, но сепак преку него се настојува барем приближно да се предвиди финансискиот успех на компанијата во 2020 година“, стои во годишниот план.

Во проектираните приходи од, како што се наведува, приближно 176 милиони денари, најголемо учество зазема Заводот за алуминиум со 139,5 милиони денари, по што следи Заводот за ПМС со 20,8 милиони денари и Заводот за бакар со проектирани приходи од 15,7 милиони денари.

Инаку, РЖ Институт произведува алуминиум и алуминиумски гранули, огноотпорни материјали за челична индустрија, песоци за пескарење и за кочни системи и индустриска вар.

Фото: Pixabay