Многу деловни психолози ги советуваат работниците како поуспешно да се справат со претпоставените: што да кажат, што да премолчат, што да преземат, од што да се воздржат. Оваа загриженост за работниците е разбирлива, затоа што зависат од одлуките на мал број раководители.
Ако сте шеф и сакате да го намалите притисокот врз работниците, зголемите продуктивноста, погрижете се да не ги изговорите овие реченици:
Криза е, биди среќен/а што имаш ваква работа
Добриот менаџер не му го префрла на вработениот фактот дека има работно место. Така само го омаловажува и премолчано му кажува дека малку го дели од отказ. Ако сакате од работниот да го извлечете најдоброто, може да му речете “Ајде со заеднички сили да ја одржиме компанијата во живот“.
Јас ја обезбедувам вашата плата, работи како што ви кажувам
Оваа изјава доликува за тиранин, а не за одговорна личност. Поголема корист од работникот ќе добиете ако го охрабрите, дадете совети и мотивирате со награди.
Не те плаќам за да мислиш
Знаеш ли дека прекувремено работам и за викенди
Кој ти рече да го направиш тоа
Вработениот презел одредена акција, нарачал канцелариска опрема, завршил некоја задача, повикал состанок… и тоа успешно во рамки на целите на компанијата, но на своја рака.
Шеф кој е опседнат со хиерархија ќе замери на оваа постапка, иако од тоа имало корист. Ако е важно строго почитување на хиерархијата, работникот треба да се предупреди, но истовремено и да се пофали за добро завршената работа.
Не сакам да ги слушам твоите жалби
Мудриот шеф слуша тоа што работникот има да му каже, вклучувајќи и молби и приговори.
Ги намалуваме трошоците и ги намалуваме платите / отпуштаме
Овие зборови се слушаат од многу шефови кои истовремено ги подобруваат сопствените работни услови со набавка на нов мебел, возила или компјутери. Истото го велат многу бизнисмени кои своите пари ги трошат на луксуз, наместо да инвестираат во бизнис. Работниците не вреднуваат шеф кој живее во свет различен од нив.
Фото: Pixabay