Најголеми приватни компании во САД

100

Порталот Howmuch.net направи анализа на најголемите приватни компании во САД, користејќи податоци од магазинот Forbes.

Анализата е направена со цел да се увиди големината на компаниите коишто се во приватна сопственост и со чии акции не се тргува на берза, како што е случајот со акционерските друштва во САД (чија пазарна капитализација може да достигне и над илјада милијарди долари).

Прва е глобалната корпорација Cargill од сојузната држава Минесота. Нејзина основа дејност е трговија со жито и земјоделски производи. Нејзината вредност се проценува на 113,5 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми приватни компании се:

Koch Industries од Канзас (хемиска индустрија) со 110 милијарди долари

Albertsons од Ајдахо (прехранбена индустрија) со 60,5 милијарди долари

Mars од Вирџинија (кондиторска индустрија) со 37 милијарди долари

Ernst & Young од Њујорк (ревизија) со 36,4 милијарди долари

Publix Super Markets од Флорида (ланец на супермаркети) со 36,1 милијарди долари

Reyes Holdings Од Илиноис (големопродажба на храна и пијалаци) со 30 милијарди долари

Pilot Flying J од Тенеси (транспорт) со 29 милијарди долари

H-E-B Food Markets од Тексас (трговија) со 28 милијарди долари

C&S Wholesale Grocers од Њу Хемпшир (трговија) со 27 милијарди долари).

Фото: Pexels