Оваа земја е извозник број еден на кожни чевли

98

Кина е најголем извозник на кожни чевли во светот, покажуваат податоците на Observatory of economic complexity.

Извозот на кожни чевли од оваа земја надминува 12 милијарди долари. Како најголеми извозници зад Кина се најдоа и: Италија (7,3 милијарди долари), Виетнам (шест милијарди долари), Индонезија (2,6 милијарди долари) и Германија (2,4 милијарди долари).

Од друга страна, најголеми увозници на чевли се САД, чиј увоз надмина вредност од 10 милијарди долари. По нив следуваат: Германија (пет милијарди долари), Франција (3,6 милијарди), Велика Британија (три милијарди долари) и Италија (2,7 милијарди долари).

Фото: Pexels