Има познати личности кои заработуваат милионски суми, коишто ги трошат на различни луксузи, но има и такви кои одвојуваат огромни износи на хуманитарни организации.
Порталот Bright Side одвои неколку планетарно познати личности кои несебично донираат средства онаму каде што е најпотребно.
Кијану Ривс – овој актер уште во 2003-та година изјавил дека има доволно пари за да може да живее неколку векови. Тој по снимање на филмот Matrix одвоил огромна сума на пари што ја поделил меѓу членовите од екипата што работела на специјалните ефекти во филмот. Актерот, исто така, основал своја фондација што донира средства за детски болници.
Леонардо ди Каприо – основа своја фондација уште во 1998 година, а одвојува околу 80 милиони долари за проекти поврзани со заштита на животната средина.
Амал и Џорџ Клуни – познатата холивудска двојка ја основа Clooney foundation for justice (фондацијата Клуни за правда). Таа е поборник за заштита на човековите права ширум светот.
Ема Вотсон – актерката е добро позната по хуманитарната работа и соработката со многу такви организации, меѓу кои е и UNICEF. Донира милиони долари за помош на жените кои биле жртви на сексуално вознемирување.
Мет Дејмон – актерот во 2006-та година ја основа фондацијата Н20 Africa. Целта е подигнување на свеста за чиста вода за пиење во Африка.
Антонио Бандерас – во 2010-та година ја основа организацијата Tears and Favors Foundation, што им овозможува стипендии на студенти кои немаат доволно пари за да си ја платат школарината.
Фото: Pexels