Колку е “нормално“ да се работи од дома?

116

Во 2018-та година, 5,2% од вработените на возраст меѓу 15 и 64 години во Европската унија работат од дома. Има и такви кои повремено работат од дома, а нивниот процент во 2008 година бил 5,8%, а 10 години подоцна достигна 8,3%, покажуваат податоците на Eurostat.

Вкупно 14% од вработени во 2018-та година во Холандија работеле од дома. Со овој процент, земјата е на врвот меѓу земјите членки на ЕУ. Потоа следуваат: Финска (13,3%), Луксембург (11%) и Австрија (10%). Од друга страна, во Бугарија само 0,3%, а во Романија само 0,4% од вработените работеле од дома.

Најголем процент или 18,5% од лицата кои работат од дома се самовработени. Па така, 46,4% од самовработените во Финска работат од дома. По Финците следуваат: Холандија (44,5%) и Австрија (43,6%).

Во текот на 2018-та година, поголем е бројот на жени (5,5%) кои работат од дома за разлика од мажите (5%). Тоа е најчест случај во поголемиот дел од земјите членки на ЕУ, но најголема е разликата во: Франција (8,1% жени и 5,2% мажи), Луксембург (12,5% жени и 9,8% мажи) и Малта (7,4% жени и 4,7% мажи).

Во овие земји членки ситуацијата била обратна: Холандија (15,5% мажи и 12,3% жени), Данска (8,5% мажи и 7% жени) и Ирска (7,2% мажи и 5,7% жени).

Бројот на оние луѓе кои работат од дома бележи постојан тренд на пораст.

Фото: Pexels