Богатите живеат девет години подолго од сиромашните

109

Истражување што траело цели 10 години, а била спроведена во Велика Британија и Америка, го следела влијанието на социјалните и економските фактори врз животот на луѓето. Податоците покажале дека луѓето кои се богати живеат дури девет години повеќе од оние кои се сиромашни.

Во текот на истражувањето биле вклучен 10.754 Британци постари од 50 години и 14.803 Американци на иста возраст. Целта била да се предвиди колку долго би живееле луѓето пред да почнат да чувствуваат болки што ги носи староста, како што се неможност да се стане од кревет, грижа за домот, подготвување на храна и слично.

Како што пренесува Guardian, најголемиот социекономски фактор за предвидување на почетокот на сите тие тегоби е богатството. Најбогатите вклучени во истражувањето, кои имале 50 години очекувале здраво да живеат уште најмалку 31 година, додека очекувањата кај сиромашните биле меѓу 22 и 23 години.

Истражувањето, исто така, покажува дека ризикот од предвремена смрт е двојно поголем во сиромашните делови на Велика Британија во споредба со богатите квартови.

Податоците на британската Канцеларија за национална статистика покажуваат дека децата родени овие години, поголемиот дел од својот живот ќе го поминат во полошо здравје за разлика од нивните баби и дедовци.

Светската здравствена организација го држи глобалното очекување за траење на животниот век на 72 години за оние кои се родени во 2016-та година. Просекот е зголемен за 5,5 години меѓу 2000-та и 2016-та година, што според податоците на СЗО е најбрз раст од 60-тите години на минатиот век.

Фото: Pexels