Овие земји се најголеми извозници на цитрусни овошја

80

Цитрусните овошја се посебно актуелни во овој период од годината, бидејќи изобилуваат со витамини што се “борци“ против настинките.

Според Observatory of economic complexity, најголем извозник на цитрусни овошја е Шпанија. Од оваа земја се извезени цитруси во вредност од 3,6 милијарди долари. Потоа следуваат: Јужна Африка (1,7 милијарди долари), САД (една милијарда долари), Турција (938 милиони долари) и Кина (923 милиони долари).

Како најголеми увозници на овие овошја се: Германија (1,2 милијарди долари), Франција (1,16 милијарди долари), САД (1,12 милијарди долари), Русија (1,09 милијарди долари) и Холандија (951 милион долари).

Фото: Pexels