Лондонска школа за односи со јавност ја запишува новата генерација на студенти

288

Represent Communications ја организира Лондонската школа за односи со јавност (London School of Public Relation – LSPR), со што втората група учесници ќе им се придружат на над 1.000 лица во регионот кои веќе го имаат меѓународно признаениот лиценциран сертификат за ПР и маркетинг.

Учесниците ќе учат од најдобрите, меѓу кои: Џон Далтон, основач и директор на LSPR Лондон, Нада Филипович, менаџер за комуникации за Србија, Црна Гора и Македонија во The Coca Cola Company Србија, Снежана Лупевска Созен, новинар и уредник на информативна програма во ТВ Телма и многу други експерти од областа на односите со јавноста.

Принципот на учење во LSPR е посебен, бидејќи учесниците имаат практична работа, покрај теоријата и добиваат можност за тестирање на стекнатото знаење во реални ситуации. Сè што се учи во LSPR се темели на потребите во реалниот свет. Сите учесници по предавањето работат завршен испит врз основа на кој добиваат меѓународно признаениот лиценциран сертификат за ПР и маркетинг.

Лондонската школа за односи со јавноста е призната од ITOL (Институт за обука и професионално учење), NUJ (Национална унија на новинари) и CPD (Континуиран професионален развој).

Освен во Велика Британија, LSPR постои и во други земји преку LSPR Worldwide. Во моментов е присутна во: Белорусија, Бугарија, Чешка, Македонија, Малезија, Црна Гора, Полска, Руска Федерација, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Лондонската школа за односи со јавност е основана во 1992 година, а е призната по квалитетни и единствени едукациски програми, а специјализирана е за односи со јавност, управување со репутација/углед, управување со криза, кризно комуницирање, брендирање и маркетинг и во нови модули на социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг. Програмата на LSPR е дизајнирана во согласност со моменталните потреби на пазарот и ги опфаќа сите потребни знаења од различни/поединечни/одредени области.

Едукативната програма ќе се одржи во хотелот Park Hotel & Spa, во период од четврти април до 16-ти мај, на следниве датуми: 04.04.2020, 11.04.2020, 25.04.2020, 09.05.2020 и 16.05.2020, од девет до 18 часот.

Пријавувањето е најдоцна до трети април оваа година. Цената е 1.200 евра со вклучен ДДВ. За уплата до 20-ти февруари следува 10% попуст, а студенти имаат попуст од 30%.

Дополнителни информации околу пријавувањето, модулите и предавачите во документот на веб страницата на Лондонската школа за односи со јавност www.lspr.mk.