Инвеститорите минатата година во fintech старт – ап компании инвестираа повеќе од 53 милијарди долари. Магазинот Forbes направи листа на 50-те најиновативни за оваа година. Од нив дури 19 за прв пат се појавуваат на оваа листа.
Ние ги одвоивме петте fintech стартапи коишто имаат најголема финансиска основа, односно почетен капитал, што се движи од 800 милиони до 1,3 милијарди долари:
Affirm – старт – ап за лични финансии со почетен капитал од 800 милиони долари
Chime – исто така, старт – ап за лични финансии, основан со 805 милиони долари
Credit Karma – fintech старт – ап за водење лични финансии со капитал од 869 милиони долари
Stripe – fintech старт – ап за безготовински плаќања со капитал од една милијарда долари
Opendoor – старт – ап за недвижнини со почетен капитал од 1,3 милијарди долари
Фото: Pixabay