Што е Fintech?

188

Fintech подразбира иновации во финансиските услуги, поточно развој на финансиска технологија, што зема сè поголем замав во последно време.

Се верува дека овој вид на иновации го менуваат светот, ги олеснуваат трансакциите, ја зголемуваат безбедноста, овозможуваат голема заработка. Инвестициите во оваа индустрија се проценуваат на неколку милијарди долари, што само го покажува големиот потенцијал.

Најчесто се среќаваат во форма на финансиски старт – ап компании што воспоставуваат директна комуникација со клиентите, со што целосно ги заобиколуваат банките. Овие финансиски институции сметаат дека главната закана по нивната работа не се ниту лошите кредити, ниту ниските каматни стапки, туку развојот на овие fintech стартапи.

На клиентите, пак, им одговараат овој вид на стартапи, бидејќи фокусот е ставен на нив, на тоа што го работат и интересите што ги имаат.

За да не се соочуваат банките со поголеми загуби, тие треба да ги интергрираат fintech услугите кај своите клиенти, но и да им дадат поддршка на овој вид стартапи за да може да ја зајакнат соработката.

Ова се некои од највредните fintech компании според Forbes:

Stripe – 22,5 милијарди долари

Coinbase – осум милијарди долари

Robinhood – 5,6 милијарди долари

Ripple – пет милијарди долари

SoFi – 4,4 милијарди долари

Фото: Pexels