Магазинот Financial Times уште еднаш го смести српскиот град Шабац во 10-те најдобри дестинации за инвестирање во конкуренција со мали градови од Ирска, Летонија, Словачка и Чешка.
Во публикацијата Европски градови и региони на иднината за 2020/2021, градот Шабац го доби ова признание по втор пат, а основ за рангирање биле постигнатите економски резултати, организацијата на локаната управа и деловна клима.
Градоначалникот на Шабац, Небојша Зеленовиќ укажа на забрзаниот развој во последните шест години.
“Бројот на вработени е зголемен од 30.000 на 40.100, просечната плата од 255 евра на 340 евра, бројот на компании е зголемен од 796 на 1.100, а само минатата година дошле 80 нови компании“, вели градоначалникот.
Фото: Facebook