Поранешна професорка по англиски стана најбогата Русинка

214

Поранешна професорка по англиски јазик и мајка на четири деца е втора жена во Русија што станува милијардерка, пишува Forbes.

Татјана Бакалчук е основач и главен извршен директор на Wildberries, онлајн продавница што продава 15.000 брендови и привлекува два милиони посетители од Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан. Денес нејзината фирма остварува приходи од 1,9 милијарди долари. Според анализата на Forbes, Wildberries денес вреди една милијарда долари, што ја прави Бакалчук милијардерка.

Таа успеа зад себе да ја остави милијардерката Елена Батурина, чиј сопруг Јури Лучков, беше моќен градоначалник на Москва со години. Таа во 2010-та година заедно со ќерките ја напушти земјата и продаде голем дел од имотот во Русија. Тие пари ги вложи во хотели и друг недвижен имот во Европа и САД. Сега живее во Лондон и има богатство од 1,2 милијарди долари.

Инаку, Бакалчук ја основаше нејзината фирма во 2004-та година, кога имаше 28 години, додека била на породилно боледување. Приказна ја започнала во својот стан во Москва, додека го чувала едномесечниот син. Се соочила со проблем како може со толку мало бебе да си купи облека. Бакалчук го решила својот проблем така што ја отворила Wildberries. Нејзиниот сопруг, кој бил ИТ инженер, дал отказ од работа за да можат заедно да го развиваат бизнисот.

Бакалчук за прв пат се најде на листата на најбогати луѓе во Русија во 2018-та година, кога нејзиното богатство е проценето на 600 милиони долари. Една година подоцна, нејзиното богатство двојно се зголемува, поради што беше втора на листата зад Бутарина.

Фото: Pixabay