Повисоки продажните цени на индустриски производи на домашен пазар во јануари

54

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во јануари оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно и за 1,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 2,9%, Енергија за 1,4%, Нетрајни производи за широка потрошувачка 0,4% и Капитални производи за 0,2%.

Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за 2%, Енергија за 1,3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7%, Капитални производи и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4%.

Фото: Pexels