Откажан Саемот за автомобили во Женева

107

До редакцијата на Avtoplus.mk пристигна информација дека Салонот за автомобили во Женева е одложен. Се очекува официјално соопштение од организаторите за конечната одлука. Поголемиот дел од медиумите ја објавија информацијата за откажувањето, а од Avtoplus.mk иста ја потврдуваат на база на соопштенијата од изложувачите на годинешното издание на Саемот.

Откажан е Интернационалниот Саем за автомобили во Женева за оваа година, којшто требаше да стартува следната недела. Причината сè уште не е официјално откриена, но се претпоставува дека за тоа е виновна епидемијата на коронавирусот којашто зема голем замав во Европа. Со цел да се спречи проширување и несакани последици, организаторите наводно донеле одлука да го откажат најновото, 90-то издание на Саемот.

Неофицијално, причината за откажувањето е коронавирусот, откако властите во Швајцарија се принудени да ги забранат поголемите настани во државата. Исто така, претходно е откажан саемот за часовници во Женева којшто требаше да се одржи од 25 до 29 април.

Инаку, во текот на вчерашниот ден организаторите истакнаа дека се преземаат радикални мерки на претпазливост. Од Palexpo, местото каде што се одржува настанот, исто така, посочија дека се преземаат сите мерки за вработените да ги минат неопходните проверки дека не покажале некакви знаци и симптоми од вирусот 14 дена при пристигнувањето во Швајцарија. Исто така, беше најавено дека организаторите соработуваат со здравствените власти во државата и внимателно се следи ситуацијата, а очигледно состојбата доведе до тоа настанот да биде одложен.

Преземено од Avtoplus.mk