Намален бројот на работници во индустријата во јануари

16

Бројот на работници во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период во 2019 година, е намален за 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи опаѓање од 1,3%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1,5%.

Фото: Pexels