Како да си го одржите чисто работното место

169

Коронавирусот како никогаш досега нè прави претпазливи кога станува збор за хигиената. Колку што е важно да ја одржуваме хигиената во домот, подеднакво е важно да се грижиме и за чистотата во канцеларија.

Не е тајна дека канцелариите се вистинско “легло“ на најразлични вируси и бактерии, па затоа потребно е секој да се грижи да работи во чиста средина и да не го доведе во прашање сопственото и здравјето на колегите.

Имајќи предвид дека коронавирусот се пренесува од човек на човек, допирање на заразени површини може да биде пресудно за пренос на вирусот.

Експертите советуваат дека во вакви услови не е единствено решение да се замине на боледување, па затоа ги даваат овие насоки:

Пред да почнете да работите, со средство за дезинфекција исчистете го работното биро, компјутерот, службениот телефон и сите оние површини со коишто имате постојан контакт, пренесува CNN.

На секое средство за дезинфекција има упатство за употреба, во однос на препорачана количина, растворање во вода, недопирање на површините по пребришување и слично, затоа внимателно прочитајте ги и почитувајте ги.

Не заборавајте на честото миење на раце. Затоа, одржувајте ја хигиената и во тоалетот за да можат и другите колеги да ја одржуваат хигиената на дневно ниво.

На бирото добро е во секое време да имате и средство за дезинфекција на рацете, во форма на гел, течност или спреј. Но, тоа не треба да ја замени дневната навика за редовно миење на рацете.

Фото: Pixabay