Надлежните и трговците смируваат дека нема потреба луѓето да се плашат дека ќе снема храна, поради ширење на коронавирусот во земјава. Од една страна, стравот од недостиг на храна може да биде оправдан, тоа не е случај само кај нас, туку и во големите европски земји, продавниците беа “сметени“ за кратко време. Нормално е луѓето да се плашат да излегуваат надвор, па затоа сакаат да направат залихи во домот.
Но, нутриционистите имаат друг совет. Наместо, да се купува нездрава храна, тие советуваат да се има храна што може да се замрзне или да се чува, но да биде таква што може да го зајакне имунитетот.
Затоа, наместо полуготова храна, паштети и конзерви, фокусот при набавка на намирници нека биде ставен на овошје, зеленчук, маслиново масло, житарки, мед, здрави зачини…
Сите оние намирници што важат за вистински “борци“ против сите вируси, бактерии, зарази… ќе ви бидат добредојдени, не само додека трае пандемијата, туку и понатаму.
Можеби ваквата состојба нè плаши, што е сосема природно, сепак можеби ќе станеме повеќе свесни за своето здравје, тоа што, како и колку јадеме.
Фото: Pexels