Скоро пола тон комунален отпад произведува секој жител на ЕУ

66

Во Европската унија, еден жител во просек произвел 492 килограми комунален отпад во 2018-та година, покажуваат податоците на Eurostat.

Тоа претставува намалување од 2008-ма година, кога биле генерирани 518 килограми во лице, додека во 2017-та година количината беше 490 килограми.

Во вкупен износ, 220 милиони тони комунален отпад беше генериран во ЕУ во текот на 2018-та година, што е малку повеќе (218 милиони тони) во однос на 2017-та и помалку (227 милиони тони) во споредба со 2008-ма година.

Меѓу земјите членки, најголем удел во вкупниот генериран отпад има Данска со 766 килограми. Над 600 килограми комунален отпад по глава жител имаат: Малта (640 килограми), Кипар (637 килограми), Германија (615 килограми) и Луксембург (610 килограми).

Од друга страна, Романија генерираше 272 килограми комунален отпад по глава жител во 2018-та година. Помалку од 400 килограми комунален отпад е генериран во овие земји: Полска (329 килограми), Чешка (351 килограм) и Унгарија (381 килограм).

Фото: Pexels