Кои ќе бидат разликите меѓу рецесијата од 2008 и 2020 година и зошто е тоа важно

352

Со оглед на веројатноста за појава на рецесија предизвикана од епидемија на коронавирус, законодавците почнаа да зборуваат за финансиски лекови, кои ќе им бидат познати на оние кои ја преживеаја големата рецесија од 2008 година: помош на тешко погодени бизниси, потези од централните банки…

Сепак, економистите велат дека претстојната рецесија е различна од Големата рецесија, а на последиците големо влијание ќе има одговорот на политиките на одделните држави врз финансиските последици од пандемијата. Анализите, фактите и мислењата на експертите беа проверени и сумирани од PolitiFact.

Кои се разликите меѓу рецесијата од 2008 година и 2020 година?

Експертите велат дека рецесијата во 2008 година е предизвикана од недостаток на побарувачка, откако бумот во балонот на недвижностите доведе до пад на градежните работи. Од друга страна, сегашната криза не е предизвикана од постоечка економска слабост. Наместо тоа, претстојната рецесија потекнува од здравствен проблем и страв од зараза.

Тоа е важна разлика од неколку причини:   

  • Тоа е ретка причина за рецесија, така што нема подготвен план за игра. Последниот пат кога се случи ова беше во 1918 година кога рецесијата следеше по шпанскиот грип. Но, времињата беа многу различни во однос на економијата, медицинското знаење и технологијата. Значи, не постои подготвен модел за креаторите на политики што сега можат да се применат.
  • Намалувањето (економската активност) се случува со невообичаена брзина. Во рецесијата во 2008 година, забавувањето на секторот недвижнини започна уште на крајот на 2005 година. Во сегашната криза, затворањето на голем дел од економијата се случува за само неколку недели.
  • Социјалното растојание има уникатно влијание врз економијата. Одговорот на коронавирусот беше да ги задржи луѓето физички далеку, што ја отежнува ситуацијата тоа што луето не трошат пари во продавници, ресторани, театри, до туристички индустрии. Дури и луѓето кои ги задржале своите работни места веројатно трошат помалку.
  • Сега може да пропаднат повеќе бизниси во повеќе економски сектори. Во 2008 година, ниту еден економски сектор не мораше целосно да се затвори. Сепак, сегашната криза ги остави услужно ориентираните компании како рестораните без клиенти.
  • Тековната рецесија може да биде привремена. Сè уште постои длабока неизвесност за тоа колку брзо ќе помине пандемијата, особено ако се случи втор и трети бран на зараза. Но, откако ќе помине епидемијата, ќе има дополнителна побарувачка. Ова нуди надеж за подобро сценарио од она што се случи по Големата рецесија.Како овие разлики влијаат врз економските решенија?

    Економистите од РolitiFact ги понудија овие идеи како одговор на корона кризата.

  • Краткорочни исплати – Во конвенционална рецесија, делење пари за стимул им помага на луѓето да трошат брзо. Сепак, постојат ограничувања колку може да биде ефективно давањето пари, во време кога луѓето треба да останат во своите домови поголемиот дел од времето.
  • Кредити или друга помош на деловните субјекти – Овие исплати може да бидат насочени главно за одредени сектори кои се особено погодени. Меѓутоа, ако компаниите добиваат помош, велат експертите, таа треба да биде насочена кон благосостојбата на работниците, а не на раководителите.
  • Потези на централните банки. Каматни стапки, купување на имот и помагање на финансиските институции со заеми или гаранции.
  • Надомест на трошоците за домување. Една идеја што сега се разгледува во тешко погодените европски земји е да престанат да плаќаат сите хипотека, закупнини и комунални услуги. За повеќето луѓе, трошоците за домување и комунални услуги сочинуваат значителен дел од нивниот расположлив приход.

Фото: Pixabay