Двајца претприемачи од Турција развија мобилна апликација што им помага на луѓето ширум светот да ги остварат своите локални потребни преку промовирање на “култура на соседство“, пишува Хуријет.
Апликацијата, што го носи името uLounder, претставува локална платформа за комуникација што им помага на луѓето да бидат во контакт со жители на нивната населба.
Во овој момент апликацијата служи како алатка за локална солидарност во услови на пандемија од Ковид -19.
“Како што знаете, локалната комуникација и солидарноста на локално ниво се многу важни во ситуации како оваа. За жал, во денешно време не ги знаеме ниту имињата на соседите што живеат до нас, па луѓето стануваат поосамени“, вели Демирхан Ерим, еден од основачите на uLounder.
Луѓе во САД, Италија и Турција активно ја користат оваа апликација, а во овој момент се таргетираат корисници од Шпанија.
“Волонтери споделуваат постови и нудат помош на постари лица да им ги набават потребните намирници. Соседите на тој начин ги задоволуваат своите потреби благодарение на меѓусебната комуникација“, вели Ерим.
Фото: Pixabay