Истражување на Oxford: Најригорозни мерки против коронавирусот има Хрватска

170

Универзитетот Oxford објави регистар на државни мерки во борба против коронавирусот, според кој држава која спроведува најригорозни мерки е Хрватска.
Зад неа се Србија, Сирија, Катар и Боливија, пишува Jutarnji.hr.

Од друга страна, на дното на списокот се Барбадос, Никарагва, Израел, Шведска и Нов Зеланд.

Истражувачите ги разгледуваат основните критериуми како што се затворање на училишта, забрани за патувања, забрани за јавни собири и потоа ги споредуваат тие мерки со тековниот број заразени лица, со што се добиваат индекс на ригорозност во спроведените мерки. Целта на регистарот, според истражувачите, е да обезбеди транспарентен увид во мерките преземени од светските влади за борба против коронавирусите, а објавените податоци ќе се ажурираат што е можно почесто.

Сепак, треба да се земе предвид дека мерачот нема податоци за некои земји, а меѓу нив е и Македонија.

Фото: Pixabay