Во заводот за јавно здравје Д-р. Андрија Штампар во Загреб, воведена е drive in дијагностика на коронавирус за да се забрза дијагностицирањето и да се зголеми бројот на тестирани лица, пренесува Вечерњи лист.
“Луѓето при овој тест не излегуваат од автомобилот, со што се зголемува нивото на безбедност на лицето што се тестира и давателот на здравствена заштита“, велат од институтот и посочуваат дека зголеменото тестирање е најдобрата мерка за рано дијагностицирање и спречување на инфекција со коронавирус.
Од заводот истакнуваат дека закажувањата за тестирање и понатаму ќе продолжи да се спроведува преку матичен лекар.
Фото: Pixabay