Што е ремаркетинг?

334

Дали некогаш сте имале чувство како некој да ги следи вашите активности на интернет? Да ги знае вашите омилени интернет страници и постојано ви ги прикажува огласите? Дали ако некогаш сте отвориле некоја интернет страница, огласот на таа страница ќе почне да ве “следи“ насекаде?

Ако одговорот е позитивен, тогаш станува збор за ремаркетинг. Тоа е начин на огласување во којшто огласите им се видливи само на оние кои веќе биле на некоја интернет страница и се запознаени со нејзината понуда и се потенцијално заинтересирани.

Низ кои фази поминува ремаркетингот?

  • Ја посетувате страницата на компанијата што има понуда за вас, но не се одлучувате да го купите производот;
  • Додека сте биле на страницата, сте ги презеле дигиталните “колачиња“ што овозможуваат огласите да се прикажуваат само на лицата кои веќе ја посетиле страницата;
  • Откако сте ја затвориле страницата, ви се прикажуваат огласи од таа интернет страница што претходно сте ја посетиле. Додека ги читате информациите на порталите што ги отворате, забележувате огласи од компанијата чија понуда претходно сте ја разгледувале

Бидејќи толку често ви се појавува, тоа може да ве “предизвика“ да се вратите на првобитната страница и да го купите производот.

Ваквата постапка е ремаркетинг и има големо влијание на потенцијалните купувачи да ја направат посакуваната акција.

Многу маркетинг експерти ја користат оваа алатка за:

  • На својата интернет страница повторно да доведат посетители кои не го купиле производот за којшто биле заинтересирани;
  • Влијае на потенцијалните купувачи кои го ставиле производот во виртуелната кошничка, но не го купиле;
  • Сакаат да ја зголемат свесноста за постоење на брендот кај што е можно повеќе потенцијални купувачи.

Важноста на ремаркетингот за интернет страницата е голема бидејќи посетителите ги потсетува на вас и создава поврзаност со брендот, па големи се шансите од случаен “минувач“ да стане верен посетител.

Фото: Pixabay