Стопирано производството на познато пиво

138

Мексиканската компанија којашто го произведува светски познатото пиво Corona, соопшти дека привремено го стопира производството.

Владата во Мексико оваа недела објави вонредна состојба поради епидемијата на коронавирус и нареди суспендирање на неесецијалните производни активности во земјата.

Најпознатото мексиканско пиво Corona, коешто се извезува во 180 земји во светот привремено ќе престане со производството.

Според вчерашните податоци во Мексико се заразени 1.510 луѓе, а 50 подлегнаа на заразата.

Фото: Facebook